Хроника

Романец „летал“ со 83 км/ч над дозволеното, лишен од слобода на Табановце

Романскиот државјанин вчераутро возел со 163 км/ч на автопатот кај Демир Капија, наспроти ограничувањето од 80 км/ч

Романски државјанин вчера околу пладне е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако е утврдено дека неколку часа претходно возел на автопатот кај Демир Капија со брзина поголема за 83 км/ч од дозволената на тој дел.

„На 04.09.2026 во 11:20 часот, на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Х.В.С.(49) од Романија, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено на 04.09.2026 во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информира Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“. Пресудата ја донесе судијата Горан Димовски од Основниот суд во Битола. Условни казни добија и членовите на […]

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top