Хроника

Се судрија две патнички возила, од кои едното се движело во спротивен правец

Возач на „пасат“ се симнал од мостот „Беласица“, и продолжувал право кон Железничката станица, каде најверојатно бил удрен од „хјундаи“ кој доаѓал од спротивната страна

Тешка сообраќајна незгода се случи синоќа во Скопје, кај мостот „Беласица“ во судар на две возила.

Возач на „пасат“ се симнал од мостот „Беласица“, и продолжувал право кон Железничката станица, каде најверојатно бил удрен од „хјундаи“ кој доаѓал од спротивната страна, објави Независен

Поради ударот „пасатот“ завршил во бетонската ограда покрај столбовите на железничката.

Поради сообраќајката на мостот „Беласица“ се створил метеж, а сообраќајот се одвивал отежнато.

Најверојатно има жртви, затоа што на местото покрај полиција пристигнале две амбулантни возила.

Од полиција за денеска најавуваат повеќе детали

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top