Хроника

Серискиот убиец од Старо Нагоричане пред суд: Обвинет за четири убиства и два обида за убиство од јануари 2025 до февруари 2026 во Кумановско

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинение против 25-годишник од Старо Нагоричане, поради четири убиства и два обида за убиство извршени во период од јануари 2025 до февруари 2026 година на подрачјето на кумановскиот регион. Според Обвинителството, обвинетиот се гони за кривично дело убиство и два обида за убиство. Според наводите, со умисла лишил од живот повеќе лица и затоа , му се заканува казна затвор од најмалку десет години, или доживотен затвор.

Од кумановското обвинителство соопштуваат дека вештачењата спроведени во текот на истрагата покажале дека делата биле извршувани од ниски побуди, заради намера за задоволување полови страсти кон мртви женски тела. Според обвинението, првото убиство било извршено во јануари 2025 година во селото Клечовце, каде што обвинетиот наводно усмртил повозрасна жена во нејзиниот дом. Неколку месеци подоцна, во селото Драгоманце, била убиена уште една жена на сличен начин.

Во јули 2025 година во селото Челопек, обвинетиот се обидел да нападне жена, но се повлекол откако таа почнала да повикува помош. Во јануари 2026 година, според обвинението, усмртил уште една жена во Старо Нагоричане, а во февруари истата година во Челопек била убиена уште една повозрасна жртва. Последниот случај опфатен со обвинението е обид за убиство во Челопек во февруари 2026 година, кога обвинетиот, според истрагата, се откажал од намерата и избегал откако слушнал звук во близина.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Куманово предложил продолжување на притвор за обвинетиот до завршувањето на судењето.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top