Хроника

Со часови лојално чекало да дојдат да го земат не знаејќи дека го оставиле само на себе

Бездушни луѓе го предале најдобриот пријател на човекот

Прекрасен мил бел пес од видот Златен Ретривер со часови лојално чекал да дојдат да го земат неговите газди не знаејќи дека го оставиле само на себе.

Оваа приказна ја раскажува активистката Ива Стојановиќ во групата Миленичиња која го потенцира проблемот со луѓето кои заради помодарство земаат кучиња се потоа ги оставаат сами и не се грижат за нив.

Целиот потресен статус на Стојановиќ:

Ги знаете оние сцени од филмови, срцекршачки, кога ги оставаат милениците покрај пат, негде далеку од дома, негде каде што нема да се снајдат, па си седнуваат во кола и си заминуваат, оставајќи едно збунето куче и еден расплакан гледач?

Вчера посведочив на таква сцена.

Кучето го видов сабајлето кога одев накај работа, си помислив баш е бело и чисто. Нема бели кучиња во селово, сите се сивкасти, дури и оние кои биле бели станале сиви од прашина и преживување на улица.

Си реков, сигурно е нечие, пуштено да шета слободно, да расплодува наоколу како што обично бива со селскиов менталитет (куче е тоа, да се испразни и ќе си дојде).
10 часа подоцна, како после 10 животи, скроз го заборавив кучето, измрцварена после напорниот ден на работа и вирусот што ме тероризира една недела….ете го пак.

Кучето. На исто место. Седи. После 10 часа. ВЕРНО, ЛОЈАЛНО. СЕДИ И ЧЕКА.

Седи и чека да дојдат по него оние на кои им се заколнал на верност, до последен здив.

Седи и чека, исплашен и збунет од непознатата средина. Седи и чека зрак надеж дека ќе види познат лик што ќе го земе назад во домот во кој што пораснал.
Закочив, земав поводник и телефон и излетав оставајќи ја колата покрај пат да работи.
Додека му приоѓав, мене ме обзема гнев знаејќи дека него го обзема страв. Се тресеше, ми зар’жи малку, сакајќи да ми каже не си ти мој газда, остави ме да чекам, ќе дојдат по мене.
Нема да дојдат душо.
Нема да дојдат злато.
Оставен си сам, напуштен си.
Твојата верна кучешка душа не може да го сфати концептот на оставање, тоа не постои во кучешкиот свет. Таму каде што вие сте лојални до последен здив, а ние луѓето сме егоистични гомна.

Не ме интересира причината поради која го оставиле, не постои доволно добро оправдување. Не постои.

Гледаме кучиња кои спасуваат луѓе од пожари, земјотреси, кучиња кои се фрлаат пред посилни од себе обидувајќи се да го заштитат сопственикот по цена на својот живот. Гледаме кучиња кои патат по смртта на сопственикот па спијат на гробишта. Гледаме кучиња кои низ примери ни ја докажуваат својата верност.
И сега јас посведочив на сосема спротивна ситуација. Оставен и напуштен, златен ретривер. Расен и стасен, сигурно купен со пари, несвесен дека неговиот живот не вреди пет пари за тој што го напуштил.
Што мислевте бе, куче е, ќе се снајде?
Не се снајде, 10 часа седеше ко кип на исто место. На истото место и ќе умреше, дали од кола, дали од територијалните мажјаци, дали од глад.
Срам да ви е, од карма плашете се, друг ќе ви суди.
Во моментот кога му ставив поводник, влезе во кола и си седна на седиште. Куче со манири.
Можда мислеше дека ќе го носам дома, ама во неговиот дом, тој е непосакуван.
Го донесов во друг дом.
Во нашиот рај, каде што царува среќата, каде сите оние отфрлени, стари, болни и хендикепирани живеат ко бубрежиња во лој. Каде има вкусна храна, чиста вода, играчки, закуски, галење, штипење образи, брканици, копање дупки низ двор и други кучешки активности.
Нема чип и нема доказ за сопственост. Има манири кои укажуваат дека бил нечиј миленик, ама тоа завршило во моментот кога му ја затвориле вратата од кола и си заминале.

Неговиот нов живот започна, а нас не чека посета на ветеринар, тестови, крвна слика, биохемија, кастрација, чип, вакцини…трошоци, трошоци…
Колку вреди еден живот?
Можеме ли заедно да му помогнеме на убавиов?

Ќе оставам жиро сметка, со молба, секој што сака да донира, да донира.
Ќе ни треба помош, ние му помогнавме на него, вие помогнете ни на нас.

@highlight
#meowpaws

PayPal:
meowpawsmk@gmail.com

Меов Павс – Скопје Денарска сметка: 210073013080176
Депонент: НЛБ Банка АД Скопје
Со назнака “Ретривер”

Најнови вести од: Хроника

Започнува постапката за четирите малолетни насилници од Аеродром: побарана забрана да ѝ се доближуваат на 12-годишната жртва

Јавното обвинителство побара да се поведе постапка против две 14-годишни девојчиња и две момчиња, осомничени за насилство, помагање и неовластено снимање на нападот врз 12-годишно девојче во скопската населба Аеродром. Станува збор за насилниот инцидент на 30 јуни во скопската населба Аеродром, кога 12-годишното девојче беше физички нападнато, а целиот настан беше снимен со мобилен телефон.

Бомба фрлена кон угостителски објект во тетовското село Добарце – двајца повредени

На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од с.Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

Поднесено обвинение за „Еуростандард“ банка од Скопје – намерно е втурната во стечај со долг од 27 милиони евра!

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени со околу 27 милиони евра во денарска противредност. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело „Предизвикување стечај на банка“, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

To top