Хроника

Уапсени возачи од Србија и Холандија, кај Демир Капија возеле со 168 до 177 километри на час!

МВР информира дека синоќа, на 26 август 2026 година, околу 22 часот на граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „мерцедес бенц“ со српски национални ознаки, управувано од 51-годишната И.М од Србија.

При извршената проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека И.М. била евидентирана како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“: на автопатот А-1, Демир Капија- Гевгелија, управувала со возилото со брзина од 168 километри на час на место, каде што најголемата дозволена брзина е 80 километри на час. И.М. е уапсена и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против неа.

Денеска, на 27 август 2026 година утрината во 5 часот на истиот граничен премин, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „ауди“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А.(32) од Холандија. При извршената проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека А.А. бил евидентиран како сторител на кривично дело  „безобѕирно управување со моторно возило“: на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 177 километри на час на место, каде што најголемата дозволена брзина е 80 километри на час. А.А. е уапсен и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против него.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top