Хроника

Убиецот го викнал внукот дома – инсистирал тој да го донесе и син му

Полицијата соопшти дека 62-годишниот вујко часови претходно, околу 15 часот, му се јавил на неговиот внук од сестра од Прилеп, при што истиот го поканил да оди во неговиот дом во Прилеп, но инсистирал со себе да го поведе и неговиот малолетен син, односно внук од сестра.

Жената на прилепчанецот кој е убиен заедно со неговиот син го пријавила случајот во полиција откако пробала телефонски да ги добие сопругот и синот кои претходно, кон 15 часот заминале во куќата на вујкото на покана на вујкото. Таа отишла до куќата, но вратата била затворена. Ова се дел од новите детали кои ги соопшти битолската полиција за двојното убиство и самоубиство кое го потресе Прилеп.

Во соопштението на СВР Битола се вели дека се расчистени околностите за тројното убиство. Откако не успеала да ги добие на телефон сопругот и синот, жената се упатила кон куќата каде што влезната врата била затворена и никој не се одзивал на нејзините довикувања. Пред куќата го забележала паркиран автомобилот на сопругот. Тогаш таа решила да го пријави случајот во полиција.

  • „Истата, по одредено време во 21:20 часот го пријавува настанот во ОВР Прилеп каде пријавува дека истиот ден од домот се оддалечил нејзиниот сопруг заедно со нивниот малолетен син и посочува дека најверојатно се наоѓаат во домот на вујкото на нејзиниот сопруг“, се вели во соопштението.
Полицијата соопшти дека 62-годишниот вујко часови претходно, околу 15 часот, му се јавил на неговиот внук од сестра П.Ч.(43) од Прилеп, при што истиот го поканил да оди во неговиот дом во Прилеп, но инсистирал со себе да го поведе и неговиот малолетен 13 – годишен син, односно внук од сестра на П.Ѓ.
  • „Според првичните информации и сознанија од очевидци кои ги има ОВР Прилеп во околу 15:30 -16:00 часот во непосредна близина на куќата на сега починатиот П.Ѓ. се слушаат истрели од огнено оружје, (најверојатно тоа бил моментот на убиството во кое П.Ѓ. ги застрелува внукот и неговиот малолетен син) но, до тој момент нема никаква пријава во ОВР Прилеп за било какво пукање на подрачјето на Прилеп“, се вели во написот.

Полицијата потврди дека напаѓачот, 62-годишниот вујко, пукал кон службениците, но и дека фрлил бомба која почнала да чади, но не ескплодирала.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top