Хроника

Во голема полициска акција против дрога 23 лица уапсени во 10 градови во Македонија!

Полицијата во текот на изминатото деноноќие уапси вкупно 23 лица на подрачјата на Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Радовиш, Битола, Ресен, Прилеп и Кичево, откако кај нив или при претреси во нивните домови била пронајдена различна наркотична дрога.

Во Скопје биле приведени седум лица, кај кои биле пронајдени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. Во Тетово, при претрес во домот на 41-годишен тетовец, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, додека во Гостивар бил приведен 54-годишен гостиварец кај кого била пронајдена бела грутчеста материја.

Во Куманово, при претреси во два одвоени случаи, биле приведени две лица, а биле запленети бела прашкаста материја, црна тврда материја, таблети и марихуана. Во Крива Паланка, при претрес во дом, била пронајдена марихуана. Во Радовиш биле приведени три лица. Кај едно од нив при претрес бил пронајден кокаин, а во друг случај, при контрола на возило на регионалниот пат меѓу селата Дедино и Конче, бил пронајден хашиш.

Во Битола биле лишени од слобода две лица кај кои биле пронајдени бела прашкаста и бела грутчеста материја, додека во Ресен, при претрес во дом, биле откриени марихуана и дигитална вага со остатоци од дрогата. Во Прилеп, при претрес во дом на 30-годишен прилепчанец, биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага.

Во Кичево, при контрола на патничко возило со струшки регистарски ознаки, биле приведени три лица, а кај едно од нив била пронајдена бела прашкаста материја. Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top