Хроника

Во струшко пронајден човечки череп

Се чекаат повеќе детали

Портпаролот на СВР Охрид М-р Стефан ДИМОСКИ информира дека на 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во атарот на истото село, кај Подгоречкото езеро во близина на македонско-албанската граница, пронајдоа човечки череп и други предмети. Во соработка со други надлежни институции се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Од другите настани во Охридско – Струшкиот регион:

На 26.07.2025 во 01:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека од концерт во спортски центар во Охрид се слуша гласна музика која го нарушува јавниот ред и мир. Полициски службеници извршиле мерење на јачина на бучава со фонометар, при што било констатирано дека ја надминува дозволената јачина, односно утврдиле гласност од 77 децибели, а дозволената граница изнесува 35 децибели. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 26.07.2026 во 05:10 часот на бул.„Македонски просветители“ во Охрид приведен е А.К.(28) од Прилеп, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По извршено алкотестирање, кај него утврдени се 2,14 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2026 во 23:20 часот во струшкото село Лабуништа, по претходно случена сообраќајна незгода со материјална штета, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И. и З.В.(27), двајцата од истото село. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2026 во 14:50 часот во ОВР Струга било пријавено дека во хотел во Струга, С.Х.(69) од Скопје физички ја нападнал М.С.(64) од Неготино. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top