Хроника

Возила запленети при транспорт на нелегално исечени дрва во Штип

Акцијата била насочена кон група крадци на дрва, кои подолго време дејствувале во штипскиот регион, соопшти Кире Михаилов, заменик-директорот на „Македонски шуми“

 

Во акција спроведена од Министерството за внатрешни работи, вработени во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Шумската полиција, запленети се неколку возила кои се користеле за транспорт на нелегално исечени огревни дрва во штипскиот регион.

Акцијата започнала вчера во утринските часови и била насочена кон група крадци на дрва, кои подолго време дејствувале во штипскиот регион, соопшти Кире Михаилов, заменик-директорот на „Македонски шуми“ .

На неколку локации на планината Плачковица беа запленети возила што превезувале поголеми количества нелегално исечени и неозначени огревни дрва.

Најавено е дека ваквите акции ќе продолжат и дека нема да се дозволи ниту еден регион во Македонија да биде оставен на милост и немилост на крадците на дрва.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top