Хроника

За шест часа условени 60 возачи како возат пијани

Зајакната акциска контрола на МВР

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи синоќа изрекла 60 казни за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол во акциска контрола низ земјава, спроведена синоќа во периодот од 22:00 часот до 04:00 часот утринава.

-При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека за пет возачи се поднесени соодветни пријави од Кривичниот законик – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Дополнително, како што информираат од МВР, биле откриени и санкционирани и 124 други видови сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи најавува дека и понатаму ќе продолжи со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top