Хроника

Заталкан куршум оштетил автомобил на „АСНОМ“

МВР Билтен

Паркирано патничко возило било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје на булеварот „АСНОМ“ во Скопје.

Случајот бил пријавен на 23 март во 15:53 часот во СВР Скопје од 34-годишната Е.Ј. од Скопје. Таа пријавила дека нејзиното патничко возило „Киа“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на булеварот, било оштетено од зрното.

Зрното било подигнато, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до оштетувањето.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

To top