Хрватите се иселуваат, земјата ќе увезе 63.000 работници

Според официјалната хрватска статистика, по приемот на земјата во ЕУ, во периодот од 2013 до 2016, Хрватска ја напуштиле 102.000 лица, додека странски извори покажуваат дека бројот на иселени езначително поголем број кој достигнува дури 230.000 Хрвати.

Најголем број Хрвати се иселиле во Германија, дури и повеќе од 71 процент, а меѓу најпривлечните дестинации се и Австрија и Ирска.

Главните причини за миграција е перцепцијата за подобри услови за работа и живот во другите земји-членки на ЕУ.

Во периодот од 2001 до 2013 година, просечниот хрватски емигрант бил на возраст од 41,5години, а во 2016 година -33,6 години.

Феноменот на емиграцијата влијае на хрватската економија, бидејќи во Хрватска има недостаток наработници.

Целата економијана Хрватска е во неповолна поради недостиг од работна сила и покрај бројот на речиси 148.000 невработени, пишуваат хрватски медиуми.

Министерството за труд и пензиски систем за следната година предвидува увоз на повеќе од 63.000 работници од странство.

Станува збор за рекорден број на работници што треба да се увезат, а бројката е дури и поголема од вкупната популација на Пула.

SHARE