Хрватска ја губи работната сила, а во периодот 2008-2018 остана без 500.000 работоспособно население, тврди Даворко Видовиќ, советник за труд и политика за вработување во Хрватската стопанска комора (ХСК).

Спокред Видовиќ, од вкупно половина милион работници, дури 300.000 ја напуштиле Хрватска како мигранти во други земји, а 200.000 заминале по природен пат, во пензија.

Оттаму, приватниот сектор веќе подолго предупредува дека состојбата е алармантна, а најголемиот проблем се јавува во текот на туристичката сезона.

За ублажување на овој негативен тренд, најавено е укинување на квотите за странските работници.

Минатата година, во Хрватска работеа околу 40.000 странци.

Од Хрватската стопанска комора, предупредуваат дека недостигот на работници не е проблем што е привремен и потенцираат дека странската работна сила е она што ја чека Хрватска во иднина.

SHARE