Хрватска падна под четири милиони жители

Според најновите проценки на Државниот завод за статистика , на средината на минатата година, Хрватска имаше 4.089.000 жители.

Ова е најниска  бројка во последните 25 години.

Сепак, според проценките на демографите, Хрватска паднала под четири милиони жители, бидејќи голем број на иселени лица не се одјавени.

Во последните седум години е намален бројот на деца до 14 години на речиси 60.000, а за 74.000 се зголемил бројот на  возрасни над 65 годишна возраст.

SHARE