Хрватска: Шест починати, 280 заразени со корона за 24 часа

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 280 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи изнесува 2.103, јави Index.hr.

Шест лица починаа, објавија од Штабот за цивилна заштита.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 14.029 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 236 починале, а 11.190 се опоравиле.

SHARE