Вчера, премиерот и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, во партиското седиште добил писмо со бел прав со закана за неговата смрт, јавува Индекс.хр.

Полицијата го заплени пликот со сомнителна содржина и спроведува истрага.

По нападот врз полицаец на плоштадот Марко, премиерот изјави дека се сомнева дека мета на нападот бил лично тој.

Едно лице (63) кој живее во исто село со покојниот напаѓач, беше уапсен денес, а полицијата утврди дека по нападот тој изјавил дека цел на нападот бил Пленковиќ и дека тој самиот фантазирал дека ќе го убие.

Кај него биле пронајдени и огнено оружје и експлозив.

SHARE