Хуманитарна помош влезе во Венецуела (ВИДЕО)

Лидерот на опозицијата и самопрогласениот венецуелски преоден претседател Хуан Гуидо на Твитер објави дека првата пратка соо хуманитарна помош од Бразил влезе во Венецуела, и покрај наредбата на претседателот Николас Мадуро за затворање на границата.

„ Формално објавуваме дека го примаме првиот товар од хуманитарна помош на  границата со Бразил. Тоа е голема победа, Венецуела!“,  напиша Гуаидо на Твитер.

Колумбиската служба за имиграција објави дека хуманитарната помош што ќе се испраќаат со камиони на границата ќе биде истоварена и пренесена на територија на Венецуела со „човечки синџир“.

Мадуро им нареди на воените сили да го спречат пренесувањето на помошта на територијата на Венецуела и покрај големиот недостиг на храна и лекови.

SHARE