И Ахмети е за вонредни избори

„Мислам дека најдоброто решение за нашата земја е да се оди на вонредни избори. Јас би сакаал да не се бара вина бидејќи е неприфатливо да се прифати неправедна вина. Вината не се наоѓа кај земјите аспиранти и најдоброто решение е да се направи нова понуда за граѓаните, вели Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ смета дека актуелната власт вината за недобивањето датум е на друго место:

„ Имаше и канцелари од цела Европа кои истакнаа дека грешката е во нив затоа што како ние и Албанија ги исполнуваме сите барањата на ЕУ“, оцени Ахмети кој вчера присуствуваше на изборот на новото раководство на ДУИ во Желино.

SHARE