И актерката Арна Шијак повредена, примена во ургентниот центар

Актерката Арна Шијак е примена вечерва во ургентниот центар во Скопје откако била повредена во вечерашните протести против договорот за името, информираат за expres.mk болнички извори.

Актерката вечерва била дел од групата која мирно демонстрирала против која полицијата применила мерки на насилатво, солзавец, гумени куршуми и шок бомби.

Нема информации за сериозноста на повредите на актерката која водеше неколку протести против промена на името.

SHARE

Comments are closed.