И Албанија со повисока просечна нето плата од Македонија!

Македонија има најниска просечна нето плата на Балканот, откако и Албанија ја престигна, покажува студијата на српскиот истражувачки институт „Демостат“, базирана на податоците на „Евростат“ од крајот на 2017 година и првиот квартал од 2018 година.

„Демостат“ соопшти дека во Македонија просечната нето плата во наведениот период била 376 евра, две евра помалку од Албанија.

Следуваат Србија со 422 евра, Босна и Херцеговина со 440, Бугарија со 457, Црна Гора со 512, Романија со 535, Унгарија со 703, Хрватска со 832, а највисока е просечната нето плата во Словенија од 1.077 евра.