И амбасадорката на САД загрижена за корупцијата во земјава (ВИДЕО)

„Кога зборувате со луѓето во земјата јасно е дека корупцијата предизвикува огромна загриженост.И борбата со корупцијата е толку клучна затоа што е препрека број 1 за за позитивна иднина на ова земја, за нејзиниот развој за се што се надева да постигне“, вели амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз во интервју за ТВ Сител.

„Мислам, вели амбасадорката, дека е многу важно да се препознае дека независно дали се работи за корупција на високо ниво во форма на поткуп на високи службеници или за ситна корупција која граѓаните ја чувствуваат на дневно ниво, кога чувствуваат дека треба да платат за да го запишат детето во одредено ушилиште, да добијат ртабота или фер третман во болница, сите овие форми на корупција ја обезличуваат економската ситуација и создаваат недоверба во општеството“ – вели амбасадорката.

SHARE