Од партијата БЕСА на Билал Касами, велат дека нема да го подржат законското решение за Јавно обвинителство.

„Преку новиот предлог-закон беше погребано СЈО. Неприфатливо е тоа што ќе нема нови случаи што ќе излезат од т.н. ‘бомби’, односно од прислушуваните разговори.

Доколку не се поработи на ново решение, ние нема да гласаме за овој закон“, велат од Беса за „Независен“.

Законот што во петокот го предложи премиерот утре влегува во Собрание.