Без пратениците на Бугарската социјалистичка партија (БСП) во бугарското Народно собрание е обезбеден кворум за денешната ратификација на Протоколот за пристапување на Макдонија во НАТО.

„Моментот на пристапувањето на Северна Македонија кон Северноатлантскиот пакт е историски за Алијансата“, рече министерката за надворешни работи Екатерина Захариева и  потсети дека Бугарија е доследен поддржувач на влезот на Македонија во НАТО.

Членството во НАТО означува нова фаза во односите на нашите две земји, истакна министерот за надворешни работи.

„Водени од тоа убедување неколку бугарски влади донесоа одлуки за склучување меморандуми со тогашната Република Македонија. Патот за просоединување кон НАТО не беше лесен за нашите соседи. Заедничките вежби на нашите армии ќе придонесат за развој на нашите способности“, посочи Захариева.

Жалосно е што БСП не е тука на овој важен ден за Бугарија, беше оценето во дискусијата. За опозициската партија беше оценето дека преовлада партискиот интерес  над националната одговорност, пренесува News.bg.

На денешната седница на бугарскиот парламент учествува и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

SHARE