И Битола е со Мизрахи: Ве победи и морално и човечки

Меѓу многуте изрази на подршка за Рашела Мизрахи од цела Македонија и од многу светски дестинации вечерва реакции и од Битола.

“Овие се глупи од раѓање или научиле да бидат глупи или мислат дека сите околу нив се глупи?”

Ова е обидот да постави прашање професорката Најчевска, при тоа заплеткувајќи се во досега веќе неколкупати потврдената сопствена стапица, од која само таа излегува губитничка загушена во сопствениот отров на омраза и нетолерантност.

Првин прашањето што го поставува не е прашање туку реторика на еден заробен ум, кој единствено што прави е себепрофилирање, а никако не може разумно да биде аплицирано на оние на кои Најчевска го адресира неуспешно – не на Рашела Мизрахи.

Нејсе, факт е дека правењето и постоењето се всушност зборовите и делата, факт е дека Најчевска и Тричковски се дефинитивно добри примери на родовата избалансираност кога станува збор и за светоглед и за став и за заробеноста или затруеноста на умот. Ја имаме доволно и не познава родови граници, отровот е доволно силен- и женскиот и машкиот.
Придавката глупав според речникот на македонскиот јазик се однесува на некого со ограничени умствени способности, заостанат (англ. stupid) или на нешто што е бесмислено (англ.senseless).

Оттаму сум сигурна, за жал како многу пати досега, Најчевска во напливот на својот бес само несреќно ја одбрала придавката, зашто сум убедена дека не е со ограничени умствени способности – напротив е интелектуално супериорна, но бесмисленоста е токму во отсуството на оправданоста интелектуалната супериорност да биде искористена против самата себе и на крајот да заврши со еден глупав текст – ФБ статус, кој што токму нејзе, Најчевска, ја доведува во една крајно бесмислена – глупава позиција.
Убедена сум, дека задолжително во ова лудило сите без исклучок и жените и мажите, сите заедно треба да зборуваме со аргументи, а не само со голи квалификативи.

Убедена сум, исто така, дека на крајот на краиштата и квалификативите што сите ние ги делиме, треба да произлегуваат од направеното или ненаправеното, особено кога се во прашање учесници во јавниот и политичкиот живот, а уште повеќе кога се носители на функции кои непосредно влијаат на квалитетот на животот на граѓаните.

Овој галиматијас се продлабочува секојдневно и тие што од позиција на власт зборуваат за фер и демократски избори од позиција на власт се истите кои насилно демонстрираат непочитување и газење на основното човечко достоинство, ги притиснаа граѓаните во канџите на хибридниот режим што го практикуваат буквално со боксерски ракавици.

Така, на крајот прво губитник е Македонија, губитници се граѓаните, кога ништо не почитувате, кога еден пример на министерка разрешувате, зашто Ве порази со својата отвореност, работливост и проникливост.

Вие, од власта во заминување, се може да се договорите, можете и да објавите дека сте одлучиле да населиме во Македонија африканци или пингвини или што и да е, но не можете да скриете, дека ги оставивте без искрена помош и поддршка децата, болните, најсиромашните, за кои токму Мила Царовска и Вие господо, во три години ништо не сторивте.

Не е чудно, во ова време на заминување да правите преседани, да одите на мускули да ги врвите вашите ступидни одлуки.

Рашела Мизрахи, еврејка, македонка, мајка, жена – научник, Ве порази со својот пример, ја порази Вашата ароганција, неспособност, незнаење, неработење.

Ги порази Вашите политики, кои се и антинародни, антидржавни, нехумани, непринципиелни и губитнички! Со тоа, Вие господо од власта, не сте ништо поразлични и побесмислени од Најчевска и Тричковски.

Со тоа, не ја разрешивте Рашела Мизрахи, туку страшно се поразивте уште пред 12 април, човечки и морално.

д-р Анита Ангелевска

SHARE