Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река на неговиот профил на Фејсбук ја потврди својата кандидатура кко независен кандидат на претседателските избори, но како што претходно јавија медиуми на албански тој има поддршка од Алијансата за Албанците и на движењето БЕСА.

„Како опозициски партии сметаме дека претседателските избори во земјата немаат значење без кандидат Албанец бидејќи во спротивно Албанците ќе бидат сведени само на гласачи што гласаат, но не и за субјект за кој треба да гласаат.

Од принципиелни причини ја поддржуваме кандидатурата за претседател на професорот Река. Неговото богато академско и дипломатско искуство би ја зајакнало функцијата претседател на државата“, соопштија партиите на Билал Касами и Зијадин Села.

SHARE