И Боки 13 се појави во судница

Тешко одејќи, во придружба на затворската полиција, и задоцнување од 40-на минути, Бојан Јовановски влезе во Кривичниот суд, каде што денеска почнува судењето за случајот „Рекет“.

Тој утровои бил на преглед кај затворскиот лекар во Шутка поради што и беше доцнењето.

На време, за закажаното рочиште во 10 часот пристигнаа обвинетите Катица Јанева и Зоран Милески Кичеец.

Обвинителката Вилма Русковска го обвини Бојан Јовановски – Боки 13 за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“. Јанева ја обвини за „злоупотреба на службената положба и овластување“, а Зоран Милевски-Кичеец за „примање награда за противзаконито влијание“.

SHARE