И Борјан Јовановски е за враќање на пасошот на Мијалков поради лекување

Новинарот на новатв.мк и 1тв Борјан Јовановски во контекст на враќањето на пасошот на Сашо Мијалков за лекување во странство се залага државата да биде хумана.

Јовановски вели дека ако постојат инструменти кои ќе превенираат злоупотреба, државата треба да биде хумана кон сите, вклучително и кон Мијалков.

“Искрено..јас исто мислам дека државата пред се треба да биде хумана. Ако постојат инструменти со кои ќе се превенира било каква злоупотреба на дозволата и ако дијагнозата навистина упатува на потреба од тоа, нормално е да се излезе во пресрет”, пишува Јовановски во дебата на социјалните мрежи во која се спротивставени ставовите за колумната на новинарот Бранко Героски кој смета дека нема пречка на Мијалков да му се дозволи лекување во странство затоа што тука не можел да добие соодветна медицинска грижа.

SHARE