Граѓаните на Ченто денес излегоа на протест по најавата на министерот за здравство Венко Филипче, дека дел од зависниците од Кисела Вода ќе завршат во нивната населба.

Тие не сакаат зависниците да примаат терапија во нивната населба.

Откако пропадна идејата Центарот за зависници од Кисела Вода да се дислоцира во кругот на некогашната фабрика МЗ„Тито“, од Министерствот за здравство предложија зависниците  да добиваат метадонска терапија на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење:

Во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на сегашната локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември“, пренесе „Лидер“.

SHARE