И Ципрас и Коѕијас на иста линија!

Средбата на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, со премиерот Алексис Ципрас, утринава ги „возбуди“ грчките медиуми.

Иако официјално не е познат предметот на нивниот разговор, се проценува дека ќе се разменат мислења околу престојната посета на Коѕијас во Русија или случувања околу преговорите за името на северниот сосед, пренесува грчкиот сервис на Си-ен-ен .

Повод за претпоставките дека ќе се разговара за „скопското прашае“  е информацијата лиферувана синоќа во Скопје дека денес е „Денот Д“ и дека Заев и Ципрас ќе се слушнат на телефон што би требало да значи дека договорот за името може да биде финализиран.

„Тоа е долгоочекуваниот телефонски разговор помеѓу Заев и Ципрас за финализирање на договорот, кој требаше да се направи пред 10 дена“, пишува „Катимерини.

Весникот наведува дека „вреди да се напомене дека според непотврдени информации Зоран Заев во средата ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел“, што според  многумина се смета дека тоа ќе влијае на постигнување на решение за Скопје.