И денеска троцифрен број заразени со Ковид-19

Откако медиуми објавија дека бројот на новозаразени денеска е 79, Министерство за здравство објави дека во изминатите 24 часа позитивни биле 125 лица од направени 1.085 тестови.

Две лица, од Прилеп и од Струмица, починале од последиците на Ковид-19. Пациентот од Прилеп имал 73 години а пациентката од Струмица, 67 години.

Инаку најмногу новозаболени, како и во изминатите денови, има во Скопје- 46, а потоа следуваат Kуманово со 19, Штип со 17, Тетово со 16 случаи, Струга со 7, Гостивар со шест, Охрид со пет, Велес со 3, Неготино со два и по еден нов случај во Кочани, Делчево, Битола и Прилеп.

Вчера министерот Венко Филипче,  упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19. Според министерот со такво нешто се внесува конфузија кај населението и недоверба во институциите.

SHARE