И до пасош преку приоритетна листа

До крајот на март нов пасош ќе може да добијат само избрани 4.000 граѓани, и тоа во редовна процедура, а веќе 15.000 лица чекаат нова патна исправа.

МВР синоќа одлучувало кој би требало да има приоритет за нова патна исправа при дефицитот што се појави.

Како што дознава „Слободен печат“, граѓани кои треба да се лекуваат во странство, луѓето со бизниси и работни обврски во странство, гастарбајтерие вратени во Македонијаза да ја обноват истечената патна исправа, професорите и експертите со закажани меѓународни конгреси и симпозиуми, или студентите што учат на светските факултети би тѕребало да имаат предност.

Но, ќе нема пасоши за граѓаните што уплатиле туристички патувања, зашто пасоши нема, а барањата се зголемуваат со секој следен ден.

Дневно во МВР пристигнуваат 700 барања за пасош, а вадење пасош по итна постапка е замрзнато.


SHARE