И ДУИ побара објаснување за акцијата во Љуботен

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, побара објаснување од Финансиска полиција за акцијата за заплена на тутун во скопското село Љуботен:

,,Финансиската полиција треба да објасни и оправда врз основа на која проценка имаше потреба од толку големо и сериозно присуство на полицијата во Љуботен.

Спектаклите и демонстрацијата на сила се често непотребни и контраефективни дури и во случаи кога постои сомнеж за злоупотреба која што треба да се санционира пропорционално доколку се утврди“-пишува Грубина ФБ

Денеска, со почеток во 5 часот утринава, опсежна полициска акција на барање на Финансиска полиција за заплена на шверцуван тутун во селото Љуботен каде живее население од албанска етничка заедница.