Министерот за здравство позитивно одговори на поканата од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) кои се и организатори на едночасовниот протест во кругот на Клинички за да се стави крај на нападите врз медицинарите.

„Со дел од младите лекари се сретнав во текот на вчерашниот ден, јас верувам дека со останатиот дел од нивните претставници ќе се сретнам денеска зошто се повеќе здруженија и потврдив  дека ќе присуствувам, меѓутоа ние преземавме низа мерки. Имавме средба во министерството за внатрешни работи, ќе ангажираме професионално обезбедување и патролна служба од полицијата околу старата градска болница“, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Иницијаторите на протестот велат дека не биле поканети на средбата со министерот кога биле предложени мерките.

Од АСМЛ сметаат дека со професионално обезбедување нема целосно да се реши проблемот зошто речиси во сите напади имало обезбедување, а дека  зачестените напади врз „белите мантили“ биле резултат на таложењето на незадоволството од функционирањето на здравствениот систем и за лекарите и за пациентите и тоа прераснувало во насилство.

SHARE