И Германците вџашени од новите кинески технологии

Кинеските технолошки компании ги вџашија Европјаните на неодамнешниот берлински саем „Инотранс“ со футуристичките и иновативни производи и сервиси, соопштуваат светските агенции.

Саемот е посветен на железничкиот транспорт, а годинава се оддржа од 18 до 21 септември.Кинеската Академија за железнички сообраќај се претстави со најновиот градски воз, направен од јаглеродни влакна.

„Кинеската улога во светот се промени од следбеник во лидер на индустриската иновација“, вели Матијас Стекман, потпретседател на биеналниот саем и додава дека кинеските производители сега се први во претставувањето на сосема новите технологии, за разлика од порано, кога само ги копираа веќе етаблираните производи.

„Му се радуваме на фактот дека рапидно расте присуството на кинеската транспортна технологија на овој саем“, вели Стекман.