И грчките острови ќе добијат гас преку „Турски поток“ !

„ Сите можности се ставени на маса. Но сите тие треба да бидат трговски оправдани и атрактивни“, изјави денеска  заменик-министерот за надворешни работи Александар Грушко кој имал средба во грчкото МНР и во кабинетот на грчкиот премиер за соработката меѓу двете земји во енергетската сфера.

Според него грчко-руската соработка во енергетската сфера не се ограничува само на изгледите за продолжување на гасоводот „Турски поток“ преку територијата на Грција туку и за продолжување на гасификација на грчките острови, пренесува БГНЕС.

Грушко потсетил дека во моментов уделот на рускиот гас во Грција надминува 60 отсто од потребите на земјата.

„Турски поток“,ќе има две делници со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри секоја.

Првата линија е наменета за испорака на гас за турските корисници, а втората – за испорака на гас за земјите од Јужна и Југоисточна Европа.

Вчера, претседателот на бордот на директори на „Гаспром“ Алексеј Милер ги потврди плановите за завршување на изградбата на гасоводот во Србија.

Претседателот на Русија Владимир Путин, по руско-српските преговори во четвртокот изјави дека Русија е подготвена да вложи 1,4 милијарди. Долари во продолжувањето на “Турски поток” во европските земји во Србија.