И Грузија ќе биде членка на НАТО, вели Столтенберг:

NATO Secretary General Jens Stoltenberg arrives at the Joint Training and Evaluation Centre to visit the NATO-Georgia Exercise 2019

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Тбилиси изјави дека  поранешната советска република Грузија ќе стане членка на НАТО  и покрај жестокото противење на Москва.

Тој присуствуваше на 12-дневните заеднички воени вежби на НАТО и Грузија кои започнаа минатата недела.

„29 сојузници јасно рекоа дека Грузија ќе стане членка на НАТО“, рече Столтенберг на прес-конференцијата со премиерот Мамуха Бахадзе.

За противењето на Русија , Столленберг рече дека ниту една земја нема право да влијае на политиката на отворени врати на НАТО.

На самитот на НАТО во Букурешт, во 2008 година, лидерите на НАТО ветија дека Грузија ќе пристапи во блокот, но досега одбиваа да соопштат рокови.

SHARE