И Илир Мета против менување на балканските граници

Албанскиот претседател се спротивстави на идејата за промена на границите меѓу Косово и Србија, кое го заговараат претседателите Хашим Тачи и Александар Вучиќ.

Во интервју за Albanian Daily News, Илир Мета вели дека Албанија е и останува силен поддржувач на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Дијалогот меѓу Србија и Косово е замислен да не ја менува реалноста, туку да го води процесот на прифаќање на реалноста во име на мирот и стабилноста“, вели албанскиот претседател.

Мета вели дека “суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово е реалност признаена и прифатена од убедливо мнозинство од земјите-членки на ОН”, рече албанскиот претседател, пишува приштинска „Газета Експрес“.

Според албанскиот претседател, Илир Мета, секое отстапување од оваа реалност, покрај провоцирањето на емоции и популистичка реторика, не е од корист ниту на една од земјите.