И Италија, шеста по жртви од Ковид-19, со помал пад на БДП од Македонија

Што значи падот на бруто општествениот производ на Македонија од 12,7 проценти во вториот квартал годинава покажува споредбата со Италија, чија економија падна 12,4 отсто, а таа е шестата најпогодена земја од Ковид-19 во светот со 35.553 починати лица до денеска.

Помалку падна и економијата на Бразил, втор по бројот на мртви и трет по бројот на заболени од коронавирус, кој забележа минус од 9,7 отсто.

Од земјите во опкружувањето помала штета од април до јуни во однос на Македонија коронакризата предизвика и врз економиите на Србија (-6,5 отсто), на Бугарија (-8,5 отсто), на Романија (-10,5 отсто), на Турција (-11 отсто) итн.

SHARE