И ја одзеде ли #Бојкотирам победата на Тамара?

И ја одзеде ли движењето #Бојкотирам победата на македонската претставничка на Евровизија е прашањето на кое е тешко да се одговоро но лебди во воздух откако Тамара беше втора по оценките на стручните музички жирија од членките на Евровизија.

Во вториот дел од гласањето кога се пресметаа гласовите од телевотингот Тамара доби само 58 поени што најверојатно значи дека Македонците во светот не гласале за македонската претатавничка во Израел.

Предходно голем број на македонски активисти од дијаспората повикаа на бојкот на Тамара како претставничка на С. Македонија и поддржувач на новото име.

Тамара на крајот заврши осма што е најдобар пласман на македонски учесник и музичар на Евровизија.

Движењето #бојкотирам беше создадено за време на референдумот за името лани летото а на претседателските избори се подели при што голем дел гласаше за Гордана Сиљановска.

SHARE