И Јадранка Косор во Скопје за мисата на папата Франциско

Oколу илјада католички верници од Хрватска, пристигнаа со автобуси во Скопје за да присуствуваат на мисата на папата Франциско.

Меѓу нив и поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор за која беше обезбедено место во делот наменет за премиерот Зоран Заев и владината делегација.

Јадранка Косор беше премиерка на Хрватска од 2009 до 2011 година.

SHARE

Оставете коментар