И „Левица“ бара распуштање на Собранието и избори

„Ако сметате дека ја уживате поддршката на граѓаните за силувањето на демократијата, за силувањето на правната држава, за коруптивното владеење, распишете предвремени парламентарни избори“, порачаа од политичката партија „Левица“ од каде сметаат дека во исто време треба да се распишат и претседателски.

Во партиското соопштение се изразува револт и најостра осуда на процесот на усвојувањето на уставните измени во парламентот, пренесува „Макфакс“.

Претходно денеска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, побара распуштање на Собранието, распишување и истовремено одржување на парламентарни и претседателски избори.

SHARE