Македонската компанијата Elevate Global, која работи на проекти поврзани со вештачка интелигенција и машинско учење, е селектирана помеѓу 30 најиновативни технолошки компании од Југоисточна Европа кои ќе бидат презенирани на South East Europe Tech Tour 2019 на 28 & 29 Мај во Букурешт и Софија.

Овие 30 компании беа избрани врз основа на нивната иновативна примена на технологии, силен бизнис модел, менаџерски тим и докажани капацитети за извршување, во силна конкуренција на преку 150 компании кои се најдоа во фазата на пред селекција.

Најдобрите 30 ќе го презентираат својот бизнис и технологија пред 40 топ интернационални инвеститори кои се активни во регионот на Југоисточна Европа и ќе учествуваат во панел-дискусии на кои ќе споделат повеќе за своите решенија и импактот врз развојот на технологиите воопшто, пренесува порталот „АКО“

Ко-основачи на Elevate Global  се двајца доктори по технички науки, Горан Стојановски и Ѓорѓи Маџаров, а во тимот се вклучени и неколку софтверски инжинери и data-science истражувачи.

SHARE