Еден од најблиските соработници на Заев е позитивен

Посебниот советник на премиерот Заев за односи со јавност Марјан Забрчанец кој е еден од неговите најблиски соработници е позитивен на коронавирусот.

“Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен КОВИД-19 резултат.
Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите ⚕️ и од овој момент одам во домашна изолација.
Водете максимална грижа, вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам. 🦠
Носете маска секогаш, секаде, одбивајте физички контакти, преместете ги сите состаноци онлајн, одбивајте групирање, дезинфицирајте.
Чувајте се, преку дисциплина и упорност ќе успееме.
Стоп КОВИД-19!”, објави вчера вечер Забрчанец кој е еден од повеќе високи партиски функционери на СДСМ кои овие денови станаа позитивни на вирусот.

SHARE