И најверните бранители на Заев бараат истрага за Рашковски

Колкави се очекувања на јавноста да се расчистат индициите за корупција и криминал во случајот “Рашковски, МНАВ и Леонардо” покажуваат у реакциите од најголемите поддржувачи на СДСМ и Заев на социјалните мрежи.

Меѓу нив е профилот на Твитер Виктор Стевич кој вели дека се исполнети сите неопходни услови за истрага.

За жал некои од најзакоравените поддржувачи на Заев и владата се уште сметаат дека не треба да се истражува дали Рашковски направил кривично дело или друг вид прекршување на закони во тендерот вреден 7 милиони евра.

Притоа тие го напаѓаат дури и нивниот истомисленик.

Во меѓувреме пасивно е и јавното обвинителство кое го следи случајот но не започнува официјална истрага.

SHARE