И ние жени за фудбалски судија имаме

Ивана Пројковска, македонска судијка, денеска (17 часот) ќе го води финалето на Европското првенство за фудбалерки до 19 години, чиј домаќин е Шкотска.

Таа е прв судија од Македонија делегиран да суди финале на едно натпреварување под капата на УЕФА, а нејзини помошнички на дуелот помеѓу Франција и Германија во Пејзли ќе бидат судијки од Естонија, Романија и Словачка.

„Ова многу ми значи. Ние сме многу мала држава, така што ова значи многу за македонскиот женски фудбал. Се надевам дека ќе поставам пример што ќе го следат други жени“, вели Пројковска за сајтот на УЕФА.

Таа додава дека е огромна чест да се води финале.

Извор: СакамДаКажам

SHARE