Неформалниот форум составен од познати странски политичари за поддршка на македонското членство во НАТО и во Европска унија, познат како „Охридска група“, исто така користи знаменце за идентификување на Македонија, а нема проблем, на пример, со името на Црна Гора.

„Лидерот на црногорската Социјалдемократска партија и експретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Ранко Кривокапиќ, ги номинираше премиерите на ?? и на ?? Зоран Заев и Ципрас за Нобелова награда за мир 2019 – јавија медиумите од Црна Гора претходно денеска“, напиша на Твитер форумот во кој членуваат поранешните генерални секретари на НАТО, Џорџ Робертсон и Хавиер Солана, бившиот бугарски претседател Росен Плевнелиев, некогашниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт, амбасадорите Ален ле Роа и Волфганг Ишингер.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.