„Екипи на Народниот правобранител се во Затворот „Скопје“, и темелно ќе го истражат целиот случај, ќе се обезбеди целосната документација, ќе се разговара со лицата кои учествувале во инцидентот, со очевидци на настанот, службени лица, ќе се изврши увид на местото на настанот, а ќе се обезбедат и видео снимки од камерите за надзор“ се вели во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител кој отвора предмет за вчерашниот напад на екс-министрите Миле Јанакиески и Спире Ристескиво Затворот Шутка.

Во меѓувреме Народниот правобранител потсетува дека ваквите настани, ги потврдуваат неговите повеќегодишни и континуирани укажувања за сериозноста на проблемите со затворскиот систем, пренесува НОВА ТВ.

SHARE