И Палмер поддржува „Мал Шенген“


„Мал Шенген е иницијатива која ветува и ја има нашата поддршка“, изјаву заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер.

Тој вели дека европската перспектива на Западен Балкан, која е основа на ангажманот на САД во регионот повеќе од 20 години, не се промени и нема да се промени.

Токму затоа неможноста на Европскиот совет да постигне консензус за започнување преговори со Северна Македонија и Албанија беше толку разочарувачка, вели тој.

„Во меѓувреме, додека САД преземаат поголема улога во Западен Балкан и ЕУ е во опасност да се перцепира во регионот како да се повлекува, самиот регион ја презема иницијативата.

Заложбата на Србија, Албанија и Северна Македонија за подобрување на соработката преку иницијатива наречена „мини Шенген“ е демонстрација дека лидерите во регионот ја преземаат одговорноста за сопствената судбина, контролирајќи ја сопствената иднина “, истакна американски претставник.

Според него, структурата на оваа иницијатива е отворена, има места и за Црна Гора, БиХ и Косово.

„Тоа е иницијатива која ветува, ја има нашата поддршка и за која ние сме посветени да работиме во партнерство со лидерите на Западен Балкан за да напредуваме“, заклучи Палмер.

Инаку, по иницијатива на Александар Вучиќ, премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама неодамна во Нови Сад потпишаа декларација за намера да се воспостави „мал шенген“.

SHARE