Претседателот на државата побарал образложение од Владата зошто фирма чиј управител е синот на поранешниот градоначалник на струмичко Ново Село, Боро Стојчев – познат под прекарот „Боро Марлборо“ – осуден за шверц со цигари, добила лиценца за одгледување канабис за медицински цели.

„Ја видов таа уредба и побарав образложение од Владата, таа или слични такви зошто баш сега се донесени. Па плус прашање зошто на тој човек му се дадени, споменуван сега во медиумите како човек кој се бави со некаква недозволена трговија и шверц на цигари – рече Пендаровски во Отворено студио на ТВ 24. На 13 мај 2020 година во Службен весник е објавена одлука за давање согласност на решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, тргови и услуги Еко енерџи-космос ДОО од селото Зубово, Ново Село.

Одлуката е потпишана од заменичката на претседателот на Владата, Радмила Шекеринска.

Повеќе на Плусинфо

SHARE