И по 8 дена нема трага од исчезнатото момче

Веќе осми ден нема никаква трага од исчезнатото момче, Пинета Секондо – Пино (26) кој последен пат бил виден во населбата Ѓорче Петров вечерта на 10 декември.

Исчезна, заедно со неговиот автомобил, бела „шкода“ со регистерски број SK 1566 AP.

Таа вечер тој последен пат комуницирал преку Фејсбук со девојката од Тетово.

Наредното утро на 11 декември тој требало да ја пречека мајка си која доаѓала од Италија.

SHARE